Семејството Брајант ќе доби речиси 30 милиони долари за фотографиите од мртвото тело на Коби!

352

Венеса Брајант и нејзините три ќерки ќе добијат отштета од 28,85 милиони долари од од округот Лос Анџелес откако полицијата дистрибуираше фотографии од местото на хеликоптерската несреќа пред три години.

Брајант и неговата ќерка Џијана загинаа заедно со уште седум лица кога хеликоптерот се урна во областа Лос Анџелес на 26 јануари.

Ванеса поднесе тужбата велејќи дека „спасувачките служби ги фотографирале човечките останки како сувенири со кои може да се тргува“.

Во март 2021 година, Ванеса Брајант ги објави имињата на четворицата заменици на шерифот кои ги споделиле фотографии од мртви деца, родители и тренери кои патувале на кошаркарски натпревар.

Сопругата на Коби веќе доби 15 милиони долари, но по конечното спогодување, сумата беше речиси двојно зголемена. Таа и семејствата на преостанатите седум патници претходно постигнале доверлива спогодба со компанијата одговорна за хеликоптерот, а Крис Честер, кој ги загуби сопругата и ќерката во несреќата, доби 20 милиони долари во посебна тужба против округот Лос Анџелес.

Кога ќе додадете две посебни спогодби од по 1,25 милиони долари со други семејства, округот Лос Анџелес изгуби повеќе од 50 милиони долари поради скандалот.

Адвокатот на Ванеса Брајант, Луис Ли, рече дека се надева дека оваа победа во иднина ќе спречи вакво однесување.

ПретходноСо 18.905.147,00 денари Р.А. од Велес стана СУПЕР МИЛИОНЕР
СледноСудењето во ПМФЛ и ВМФЛ и викендов без грешка