ОФИЦИЈАЛНО: Струга ТЛ го назначи Шпетим Дуро за нов тренер!

560

Тоа што се шпекулираше се оствари. Новиот тренер на лидерот во ПМФЛ Струга ТЛ е Шпетим Дуро кој доаѓа на местото на Срѓан Захариевски.
Струга и Дуро потпишаа договор до крајот на сезоната 2023/24, а како негов асистент ќе биде Меритон Гега.

Го запознавме со капацитетите, инфраструктурата, играчите, техничкиот штаб и раководството на клубот, обидувајќи се да му олесниме да започне со својата нова мисија.

Дуро го изрази своето задоволство од човечкиот и спортскиот потенцијал на клубот“, соопштија од Струга.

Дуро има долга кариера со клубови каде раководеше со Партизани, Влазнија, Скендербег, Шкендија и други.

ПретходноЧаир 2030 ги претстави новите играчи Пајиќ и Роби
СледноГо стави во игра, па по 15 минути го извади: „Тој нема почит кон фудбалот“