Фановите на Сион го запалија дресот на Балотели: Или играј како што треба или оди си!

335

Марио Балотели повторно е на удар, овојпат од навивачите на Сион. Италијанскиот напаѓач минатото лето од Адана Демирспор направи трансфер во Сион, но очигледно таму не може да се пронајде. Тој тргна добро, но како што одминува сезоната игра се послабо. Последниот гол за Сион му е во ноември 2022 во поразот од Ст.Гален со 2:7.

Викендов Сион загуби од Ст.Гален со 0:4, а Балотели беше капитен на тимот. Резултатот и формата на Балотели многу ги налути фановите на Сион кој го запалија дресот со неговото име под кој стоел банер: „Или дади се од себе за овој клуб или оди си“.

Балотели има договор со Сион до летото 2024 година. Сион е претпоследен на табелата во швајцарската Суперлига.

ПретходноБлесок на Фоден, Сити рутински во четвртфиналето во ФА Купот!(ВИДЕО)
СледноПознато е кога Надал ќе се врати на терените!