Футсал селекцијата поразена: Кобни две минути на гостувањето кај Италија (ВИДЕО)

550

Футсал репрезентацијата на Македонија го претрпе и вториот пораз во претквалификацискиот дел за пласман на СП. Вечерва во Катанија, избраниците на селекторот Васко Скендеровски беа поразени од домашната селекцијата на Италија со 6:3.

На првиот дуел во Скопје против Италијанците одигравме нерешено (3:3), но вечерва иако имавме одлично прво полувреме и добар старт на вториот дел, на крај домашните убедливо го решија мечот во своја полза.

Италија поведе со голот на Куртупи во 3. минута, по што ние возвративме во 6. минута со голот на Крстевски за 1:1.

Италија повторно поведе преку Мусумеци во 8. минута, па петровиќ во 11. минута погоди за 2:2. До полувреме „аѕурите“ се изборија и за трето водство со голот на Марсело во 16. минута.

На стартот на вториот дел ние со погодокот на Ранготов во 22. минута повторно израмнивме на 3:3, но по овој погодок како да падна концентрацијата и Италија за неполни 2 минути постигна уште два гола со кои се одлепи на 5:3. Завршните 6:3 беа дело на Калдероли во 37. минута на мечот.

По овој меч за нас останува возвратниот дуел со Шведска на 5 март во Скопје.

ПретходноЧави: Реал Maдрид е фаворит против нас
СледноВеспрем „прокоцка“ огромна предност и загуби во Париз