Барселона влегува во првиот меч од полуфиналето на Купот на кралот против Реал Мадрид со два едноподруго порази, од Манчестер Јунајтед во ЛЕ и од Алмерија во Ла Лига. Мечот се игра утре (21:00 часот) на „Сантијаго Бернабеу“, а тренерот на каталонската екипа Чави вели дека Реал е фаворит. Неговата изјава се потпира и на тоа дека за мечот ќе ги нема Роберт Левандовски, Педри и Осман Дембеле кои се повредени.
„ Реал Мадрид и понатаму е фаворит бидејќи е шампион на Ла Лига и во Лигата на шампионите. Тие се многу тежок противник и се во добар ритам. Затоа Реал е фаворит. Мојот аргумент е дека Мадрид ги освои последните неколку титули и ние сме во процес на градење: освоивме една титула и против нив (Суперкупот), играјќи извонреден фудбал. Но, ова е Мадрид, тие се натпреваруваат, го победија Ливерпул и знаеме колку се силни“, изјави Чави.
„Тие се многу тежок противник, не доминираат во многу моменти, но ги имаат тие мини фази каде што доминираат и се многу опасни. Плус играат на свој терен. Стравот ни дава негативни работи, но мора да размислуваме позитивно. Добро се натпреварувавме досега. Ќе го покажеме нашиот фудбалски модел и личност.
Добри сме. Ги анализираме причините за поразите внатрешно и ова е фудбалско прашање. Секој натпревар има своја приказна. Наша намера е секогаш да излеземе на победа. Не сакаме пораз“, заклучи Чави.