Екипата на Чаир 2030 се засили со двајца бекови и тоа македонскиот кошаркар Предраг Пајиќ и американскиот кошаркар Давел Роби. Пајиќ доаѓа од Академија ФМП, додека Роби доаѓа од португалскиот Оваренсе.
Чаирчани се наоѓаат на десеттото место во шампионатот на Македонија со скор 4-11. Двајцата ќе дебитираат против Феникс 2010.