Човекот нема граници: На мечот дојде во чуден стил, а посебна приказна беше на теренот (ВИДЕО)

498

Кајл Кузма повторно шокираше со изборот на својот аут-фит. Кошаркарот на Вашингтон Визардс дојде на дуелот против Аталанта Хокс во чудна комбинација.

Секако, по пристигнувањето во салата го привлече вниманието на медиумите, а како не затоа што „облеката“ што ја носеше во најмала рака беше чудна.

Кузма постигна 28 поени против Хокс и заедно со Бил (37 поени) беше најзаслужен за победата на Визардс од 116:119.

Споменатиот кошаркар претходните месеци го шокираше целиот свет со своите комбинации. Во ноември минатата година на натпреварот се појави во долг розов џемпер.

ПретходноИван Тони ја призна вината за нелегално обложување
СледноЧаир 2030 ги претстави новите играчи Пајиќ и Роби