Шефилд го елиминираше Тотенхем од ФА Купот, Манчестер Ј. со пресврт до четвртфинале (ВИДЕО)

190

Англискиот второлигаш Шефилд Јунајтед со 1:0 славеше над Тотенхем во осминафиналето на ФА Купот и го елиминираше фаворитот од натамошните настапи во ова најстаро европско клупско натпреварување. Вечерва домашните покажаа поголема желба за победа и успеаја благодарение на голот во 79. минута на Ндијаје да дојдат до обезбедување на пласман меѓу осумте најдобри.

Манчестер Јунајтед со пресврт го совлада Вест Хем Јунајтед со 3:1 на „Олд Трафорд“ и со тоа избори учество во четвртфиналето. Гостите од Лондон поведоа преку Бенрама во 54. минута, по што во 77. минута домашните успеаја да израмнат со автоголот на Агуерда.

Во завршните 5 минути од средбата се случи комплетниот пресврт. Гарначо во 90. минута им донесе водство на „црвените ѓаволи“ од 2:1, за Фред пет минути подоцна да го запечати триумфот со 3:1.

ПретходноАрсенал забрзано ита кон титулата: Евертон прегазен на „Емирати“ (ВИДЕО)
СледноЛиверпул се намачи, но успеа да дојде до победа над Вулверхемптон (ВИДЕО)