По неочекуваната разделба со Срѓан Захариевски, повеќе од јасно е дека раководството на Струга Трим Лум е во потрага по нов шеф на стручниот штаб. Околу ова прашање од таборот на лидерот на ПМФЛ нема никакви информации, но се шпекулира дека еден од најголемите кандидати за наследник на Захариевски бил искусниот стратег од Албанија Шпетим Дуро (63). Уште повеќе, дека со него веќе се воделе разговори и остануваат само уште некои детали да се прецизираат.
Кога сме кај Дуро да кажеме тој е познат на нашата фудбалска јавност и по фактот дека во два наврати ја има водено Шкендија во 2014 и 2015 година.
Покрај Дуро, како што се шпекулира, кандидати за клупата на Струга ТЛ биле најмалку уште тројца стратези.
Останува да видиме во текот на денешниот ден или најдоцна до утре, кој ќе биде назначен за нов тренер на лидерот.