Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по 13-ти пат ќе игра во четвртфиналето на АТП турнирот во Дубаи откако денеска во второто коло после 80 минути го победи Холанѓанецот Талон Грикспор со 6-2 и 6-3.
За разлика од мечот во вторникот со Томаш Махач каде што Ѓоковиќ имаше многу проблеми и го победи во тај-брејкот во третиот сет, денеска играше помирно и посигурно. Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Павел Котов од Русија и Хуберт Хуркач од Полска.
Инаку во наредната фаза се пласираа уште Рублев, Сонего, Зверев, Чориќ и Ван де Зандшулп.