Јокиќ испиша историја во НБА-лига, влезе во друштвото на рекордери (ВИДЕО)

251

Никола Јокиќ испиша историја во НБА-лига, го запиша 100 трипл-дабл. Денвер го совлада Хјустон на гости со 122-133, а српскиот репрезентативец за 28 минути дојде до 14 поени, 11 скока и 10 асистенции. На овој начин стана шестиот кошаркар во историјата на најсилното светско клупско натпреварување кој стигнал до 100 трипл-дабл. Пред него се Леброн Џејмс со 106, Џејсон Кид со 107. На листата на најдобри се Расел Вестбрук со 198, Оскар Робертсон со 181 и Меџик Џонсон со 138.

Прво име во редовите на Денвер беше Мареј со 32 поени, додека Портер запиша 17 поени.

Индијана го совлада Далас со 124-122 и му го распипа роденденот на Лука Дончиќ. Словенецот го славеше 24 роденден, но за жал истиот не беше победнички. Дончиќ имаше 39 поени, а шанса за триумф имаше Кајри Ирвинг, кој не успеа да постигне тројка за радост. Тој на крајот постигна 16 поени. Кај победникот Халибуртон запиша 32 поени.

Резултати: Атланта – Вашингтон 116-119, Бруклин – Милвоки 104-118, Мемфис – ЛА Лејкерс 121-109, Торонто – Чикаго 104-98, Хјустон – Денвер 112-133, Оклахома – Сакраменто 117-123, Далас – Индијана 122-124, Јута – Сан Антонио 94-102, Голден стејт – Портланд 123-105, ЛА Клиперс – Минесота 101-108.

ПретходноПознато е кога Надал ќе се врати на терените!
СледноШпетим Дуро на клупата на Струга Трим Лум?!