Неверојатен меч се одигра вечерва во Лигата на шампионите меѓу гигантите на европската ракометна сцена, ПСЖ и Веспрем. Парижани славеа во луд меч во кој гостите имаа неверојатен старт, но очаен финиш. ПСЖ на крајот славеше со 37:35 откако се врати од негатива од 9 гола разлика која во еден дел ја имаа во првиот дел гостите од Унгарија. На полувремето беше 24:19 за Веспрем, но и тоа не ги спречи Французите да слават со извонредна игра во второто полувреме.
Пранди со 7 и Мате со 6 гола беа најефикасни кај парижани, додека во тимот на Веспрем, Печмалбек постигна 8 гола, додека лауге имаше 7.
Ракометарите на ГОГ немаа голем проблем да го совладаат ППД Загреб. Данскиот првак славеше со 33:29 и и овозможи на Висла Плоцк преку Порто да им го презеде местото на Хрватите кон осминафиналето.
Со оваа победа ГОГ обезбеди место во осминафиналето како четвртопласирана екипа од групата. ППД Загреб сега ќе мора да навива за Порто во дуелот со Висла и ќе се надева на ново осминафинале.
Симон Питлик со 5 голови беше носител на играта на ГОГ, додека кај ППД Загреб, Дибиров ја предводеше листата на стрелци со 8 голови.