Еден од најдобрите европски ракометари Петар Ненадиќ потпиша со францускиот шампион Пари Сен Жермен.Поранешниот репрезентативец на Србија неодамна го раскина договорот со унгарски Веспрем, па направи трансфер во францускиот гигант.
За Ненадиќ ова е деветти клуб во кариерата после Црвена Звезда, Алгерирас, Барселона, Пик Сегет, Холстебро, Висла Плоцк, Фуксе и Веспрем.