Словенечкиот ски скокач Петер Превц имаше незгоден пад на тренингот на скокалницата во Планица. Тој изгуби контрола при скокот и падна на патеката. Веднаш беше префрлен во болница од каде стигнаа добри вести. Превц е во добра здравствена состојба, поминал со неколку модринки и благ потрес на мозокот.
На Планица на 5 март ќе се одржат скоковите во машка конкуренција во рамките на Светскиот куп.
Kakšna smola. Grozno tole zgleda. Drži se @peterprevc ! pic.twitter.com/pAH1H8qB6b
— Mitja Gorišek (@mietke) March 1, 2023