Кајл Кузма повторно шокираше со изборот на својот аут-фит. Кошаркарот на Вашингтон Визардс дојде на дуелот против Аталанта Хокс во чудна комбинација.
Секако, по пристигнувањето во салата го привлече вниманието на медиумите, а како не затоа што „облеката“ што ја носеше во најмала рака беше чудна.
Кузма постигна 28 поени против Хокс и заедно со Бил (37 поени) беше најзаслужен за победата на Визардс од 116:119.
Споменатиот кошаркар претходните месеци го шокираше целиот свет со своите комбинации. Во ноември минатата година на натпреварот се појави во долг розов џемпер.
Kyle Kuzma arrives for the matchup vs. the Hawks 👀pic.twitter.com/VR7sNebCnn
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) February 28, 2023