Барнли и Дарко Чурлинов изборија пласман во четвртфиналето на ФА Купот во Англија, откако вечерва на домашен терен со минимални 1:0 го победија третолигашот Флитвуд Таун. Нашиот репрезентативец и овој натпревар го почна од клупата, но доби шанса во последните 15 минути од средбата.
Единствениот гол за победа на Барнли го постигна Робертс во 90. минута.
Големо изненадување во оваа осминафинална рунда приреди екипата на Гримзби. Имено четвртолигашот успеа и тоа на гостински терен да го совлада премиерлигашот Саутемптон со 2:1 и да ги елиминира „светците“ во оваа рунда. Гостите двапати погодија од пенал и дојдоа до голема сензација.