Ѓоковиќ за 80 минути го „суреди“ Грикспор за место во 1/4 финалето во Дубаи

79

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по 13-ти пат ќе игра во четвртфиналето на АТП турнирот во Дубаи откако денеска во второто коло после 80 минути го победи Холанѓанецот Талон Грикспор со 6-2 и 6-3.

За разлика од мечот во вторникот со Томаш Махач каде што Ѓоковиќ имаше многу проблеми и го победи во тај-брејкот во третиот сет, денеска играше помирно и посигурно. Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Павел Котов од Русија и Хуберт Хуркач од Полска.

Инаку во наредната фаза се пласираа уште Рублев, Сонего, Зверев, Чориќ и Ван де Зандшулп.

ПретходноКостески: Мора да ги кренеме главите, ја повикувам публиката да дојде
СледноПетар Ненадиќ потпиша за ПСЖ