Александар Исаевски нов член на тимот на Милсами Орхеи

357

Македонскиот интернациналец Александар Исаевски е нов член на прволигашот од Молдавија, Милсами Орхеи.

Левиот бек веќе е дел од тимот, молдавците и се пофалија со неговит потпис преку социјалните мрежи, а за Исаевски ова е уште еден интернацинален предизвик. Македонецот кој пристигна од САД играше уште и за Дунав Русе во Бугарија како и за Влазнија и Динамо во Албанија.

Во Македонија пак, настапуваше за Победа и Македонија ЃП.

ПретходноСудии за ВМФЛ: Ѓорѓиев на “центарот“ во Битола
СледноНиколоски и официјално промовиран како нов директор во Шкупи