„Ел Класико“ во кралскиот куп: Реал (М) „намириса крв“

187

Вечерва на „Бернабеу“ од 21 часот големо „Ел Класико“ меѓу лутите ривали Реал (М) и Барселона во рамките на второто полуфинале од кралскиот куп на Шпанија. Во пресрет на денешната средба, Реал влегува полн со оптимизам, откако Барселона е во лош моментум особено по поразот од Алмерија во последното коло од Ла Лига.

Реал се надева на сигурна победа, што ќе ги стави во голема предност пред реваншот, а за Барса ќе биде дополнителен притисок пред дуелот со Валенсија викендов.

Барселона се соочува со многу повреди и јасно е дека вечерва Чави ќе мора да истрча без неколку главни играчи како Роберт Левандовски, Педри, Усман Дембеле, Андрес Кристенсен. Тоа само дополнително ги мотивира домашните да тргнат во јуриш уште од првата минута.

За време на четвртфинална победа над Атлетико во јануари, Реал Мадрид го загуби Ферланд Менди поради повреда на бутот, која допрва треба да се лекува, а оттогаш во собата за третман  се и Родриго и Давид Алаба, кои беа жртви на последните настапи во ЛШ.

Родриго брзо се врати на тренинзите и би можел да му се стави на располагање, но Алаба сигурно ќе пропушти дуелот вечерва. Анчелоти ќе смета и на Лука Модриќ кој се врати од суспензија, а по грипот, најверојатно во тимот се враќа и Чуамени.

Барселона го загуби Левандовски, кој заработи повреда на тетивата за време на поразот од Алмерија викендот. Усман Дембеле и Педри исто така не се на терен поради проблеми со бутот, но Чави се надева дека помодреното колено на Ансу Фати ќе заздрави и тој ќе биде во тимот.

ВЕРОЈАТНИ СТАРТНИ СОСТАВИ:

РЕАЛ (М); Куртоа; Карвахал, Милитао, Ридигер, Начо; Крос, Чуамени, Модриќ; Валверде, Бензема, Винисиус Жуниор.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген; Кунде, Араухо, Кристенсен, Балде; Де Јонг, Бускетс, Роберто; Рафиња, Торес, Гави

ПретходноЕ. Пелистер вечерва во нов СЕХА предизвик: Војводина ќе дојде како мелем на рана
СледноАргентина го отпушти Хавиер Маскерано