Луис Енрике и Зидан се фаворити да го заменат Греам Потер

281

Луис Енрике и Зинедин Зидан се меѓу фаворитите на раководството на Челзи кои ќе го заменат Греам Потер, пренесуваат шпанските медиуми. Актуелниот менаџер на тимот од Стемфорд Бриџ е под сериозен притисок бидејќи тимот има една победа во последните единаесет натпревари и покрај тоа што потроши околу 300 милиони фунти во зимскиот преоден рок.

Иако газдите на „сините“ го поддржуваат Потер во оваа фаза, доколку Челзи направи дополнителен кикс на претстојните натпревари против Лидс и Борусија Дортмунд, тој веројатно ќе биде отпуштен.

Луис Енрике остана без работа откако си замина на местото селектор на репрезентацијата на Шпанија по Светското првенство. Зидан пак е без работа од 2021 година кога по вторпат го напушти Реал Мадрид.

 

ПретходноКамада од лето во Борусија Дортмунд
СледноРазбојници пукале кон семејството на Антонела, смртни закани и за Лео Меси! (ФОТО)