НБА и НХЛ ѕвезди ги здружија силите и купија фудбалски клуб

572

Суперѕвездата на Милвоки Бакс Јанис Адетокумбо и најдобриот голгетер на Нешвил Предаторс (НХЛ) Филип Форсберг се дел од сопственичката структура на фудбалскиот клуб од МЛС лигата, Нешвил. Тие купија дел од акциите на клубот и влегоа во фудбалот.

„Фудбалот е глобален спорт, а со новите сопственици нашите амбиции да го направиме клубот популарен во светот пораснаа. Филип и Јанис не се само спортисти – тие се амбасадори во своите спортови, миленици на милиони спортски љубители и познати низ целиот свет. Со нив ја споделуваме заедничката визија дека клубот не само што мора да настапува на највисоко ниво на фудбалскиот терен, туку и да ги поддржува локалните заедници и оние на кои тоа им е најпотребно“, изјави доминантниот акционер Џон Инграм.

ПретходноРеал Мадрид повторно тргнува по Мбапе, овојпат со 220 милиони евра ама ПСЖ ќе бара 300!
СледноМитревски и Порто со пораз од Висла, Maгдебург го освои второто место