Жозе Мурињо веројатно не ја има најдобрата недела во Рим. Португалскиот стретег на клупата на Рома доби црвен картон на мечот со Кремонезе во вторникот, а потоа беше суспендиран на два меча.
Сега весникот „Ил Меасаџеро“ пишува дека Мурињо повторно е во неволја, бидејќи наводно на мечот меѓу младите фудбалери на Рома и Лацио до 14 години навредувал некое момче кое игра за Лацио.
Португалецот за време на натпреварот од трибините го исвиркувал играчот на Лацио, Александру Милоиу. Дополнително, ги терал младите играчи на Рома да се преправаат дека имаат грч за време на натпреварот за да „крадат“ време.
На трибините за време на натпреварот биле присутни и голем дел од играчите на Рома.