Ракометарките на мегдан со Турција – прв дел!

107

Македонската женска ракометна репрезентација денеска (15 часот) во Анкара го игра првиот од двата пријателски дуели против Турција во рамките на ЕХФ-неделата. Љубомир Савевски на располагање ќе има комбиниран состав поради повреди ги нема Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска, додека Моника Јанеска поради клупски обврски ќе ги прескокне овие средби.

Савевски нема да смета ниту на Леонида Гиџевска, Ива Божиновска, Анастасија Николовска, Емилијана Ризоска и голманките Матеа Чурлиновска и Марија Јовановска, кои беа дел од македонската репрезентација на Европското првенство.

Дуелите против Турција ќе ја покажат вистинската слика за мундијалискиот бараж за пласман на СП 2023 година против Украина. Првиот меч се игра на 8. април во Скопје, додека реваншот е три денеска подоцна во Кишварда, Унгарија.

ПретходноАргентина го отпушти Хавиер Маскерано
СледноТанкоски и Велковски на скратениот список на Лазаров!