Летото 2022 година беше најкатастрофално во историјата на Реал Мадрид, барем кога се однесува за трансферите. Иако речиси се беше готово со Килијан Мбапе, подготвуваше и презентацијата, но спектакуларниот напаѓач во последен момент одлучи да остане во Париз, во ПСЖ.
Сепак “кралевите“ не се предаваат. Тие имаат намера по секоја цена да го доведат по Меси веројатно најдобриот фудбалер во моментов во светот, и немаат намера да го чекаат јуни 2024 година кога според некои клаузули Мбапе би можел да си оди од “Паркот на принцовите“. Дон Флорентино Перез не сака да чека, па затоа уште во јуни, знаејќи дека Мбапе не е толку среќен во ПСЖ, со 220 милиони евра посакува да го доведе младиот Французин на „Сантијаго Бернабеу“.
Сепак од ПСЖ првите сигнали за овој можен мега – трансфер велат дека тие не сакаат да разговараат за сума под 300 милиони евра.
Се чини ни претстои нова сага наречена – Мбапе во Реал Мадрид.