Синоќа откако беа комплетирани сите осминафинални натпревари од ФА Купот, беше извршена и ждрепката со која се формираа четвртфиналните двојки.
Се чини најинтерено ќе биде на дуелот на премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Фулам. Вториот пар го сочинуваат Манчестер Сити и Барнли на нашиот Чурлинов, а интересно е што враќање на „Етихад“ ќе има некогашниот капитен на шампионскиот состав на Сити, а сегашен менаџер на Барнли, Винсент Компани.
Брајтон ќе биде домаќин на четвртолигашот Гримзби, додека двата второлигаши Шефилд и Блекбурн ќе имаат меѓусебна пресметка.
FA Cup quarter-final draw… complete ✅
Who will lift the trophy at the end of the season? 🏆 pic.twitter.com/7dRuXoDqaX
— ITV Football (@itvfootball) March 1, 2023