Македонскиот интернациналец Александар Исаевски е нов член на прволигашот од Молдавија, Милсами Орхеи.
Левиот бек веќе е дел од тимот, молдавците и се пофалија со неговит потпис преку социјалните мрежи, а за Исаевски ова е уште еден интернацинален предизвик. Македонецот кој пристигна од САД играше уште и за Дунав Русе во Бугарија како и за Влазнија и Динамо во Албанија.
Во Македонија пак, настапуваше за Победа и Македонија ЃП.