Барселона го совлада Реал на „Бернабеу“ и се приближи до финалето на Купот на кралот

307

Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ се одигра првиот полуфинален меч од шпанскиот Куп помеѓу Реал Мадрид и Барселона, а славеше тимот од Каталонија со 0:1 и така се проближи до финалето. Во 12 минута Реал постигна гол кој беше поништен поради офсајд на Бензема. Во 26 минута грешка на дефанзивците на Реал, играчите на Барса украдоа топка, а прво шутот на Кеси го одбрани Куртоа но одбиената топка во сопствената мрежа ја смести несреќниот Едер Милитао.

Во второто полувреме Барса беше поблиску до втор гол, најдобрата шанса во 72 минута ја имаше Кеси чиј шут од околу 11 метри заврши во негов соиграч и пропадна добра шанса. Гостите бараа пенал во 72 минута поради играње со рака на еден играч на Барса, но судијата не потклекна на реакциите.

Тој резултат остана до крајот меѓутоа ќе има реванш на 5 април во Барселона.

Во другото полуфинале во првиот меч Осасуна со 1:0 го совлада Атлетик Билбао. Реваншот на овој меч се игра на 4 април.

Real Madrid 0 – [1] Barcelona – Eder Militao 25 OG’

Video Real Madrid 0 – [1] Barcelona – Eder Militao 25 OG’ was uploaded to Streamin.me on Mar 03, 2023.

ПретходноМитревски и Порто со пораз од Висла, Maгдебург го освои второто место
СледноЕВРОЛИГА: Партизан и се одмазди на Алба, Звезда немоќна во Минхен