18-годишниот Витор Рокe кој минатата сезона ја мина во Крузеиро каде на 14 натпревари постигна 3 гола, вели дека е пред преселба во шпанска Барселона. Рокe оваа сезона се пресели во екипата на Атлетико Паранаенсе, каде веќе има 5 гола на 29 средби.
Рокe беше најдобар фудбалер на првенството на Јужна Америка за играчи до 20 години, кое го освои Бразил, а каде тој беше најдобар стрелец со 6 гола.
„Ако ова заврши како што е планирано, сигурен сум дека ќе биде многу важно за мојата кариера. Заминување во Барселона би било одлично за мене“, вели младиот Рокe.