Дуро тргна со стружани: Сите ние во Струга ТЛ треба да искажеме голема благодарност до Захариевски! (ФОТО+ВИДЕО)

1359

Откако во понеделникот Струга ТЛ одлучи да се раздели со Срѓан Захариевски, само два дена имаше дилеми кој ќе биде негов наследник на клупата на лидерот на табелата во ПМФЛ.

Па така вчера Шпетим Дуро, искусниот стратег од Албанија, инаку некогашен тренер на Шкендија во два наврати, и официјално беше промовиран за наследник на Захариевски.

Тој вчера веднаш по промоцијата го одработи и првиот тренинг со своите фудбалери, а пред играчите новиот тренер го претстави директорот Бесарт Исаку.

Покрај другото, Дуро како голем спортсмен се осврна и на неговиот претходник.

Сите ние во Струга Трим Лум треба да искажеме голема благодарност до мојот претходник на клупата Срѓан Захариевски. Не очекува напорна работа и се надевам дека тимот ќе има успешни резултати во следниот период“ им рече на играчите новиот шеф на стручниот штаб на Струга ТЛ.

Инаку да споменеме дека Дуро своето деби ќе го има во средна (08.03.23) и тоа во мега – дербито со Шкупи.

Струга ТЛ викендов ќе биде слободна. Добра работа за него е што ќе има неколку дополнителни денови како би се запознал со играчите и со приликите во самиот клуб.

Да кажеме дека стратегот од Албанија ја презема екипата како лидер на табелата, останува да се види дали ќе успее да го задржи тоа место и на крајот од оваа сезона.

 

May be an image of 6 people, people standing and grass

May be an image of 8 people, people standing and outdoors

May be an image of 5 people, people standing and outdoors

May be an image of 3 people, people standing and outdoors

ПретходноМакедонија минимално поразена од Турција!
СледноДанило во Јуве до 2025 година