Е. Пелистер вечерва во нов СЕХА предизвик: Војводина ќе дојде како мелем на рана

143

Ракометарите на Е. Пелистер вечерва на домашен терен (18 ч.) ќе се обидат, конечно, да ја прекинат катастрофалната серија на меѓународната ракометна сцена, со добар настап пред сфвоја публика на мечот од СЕХА лигата против новосадска Војводина. По големата победа од 29:24 на мечот во Нови Сад, Војводина отпатува за Битола со оптимизам дека може и вторпат да ги изненади нашите вицешампиони.

Актуелниот српски шампион изгледа навистина добро оваа сезона во СЕХА – Газпром лигата, што не е случај со Е. Пелистер кој резултатски е во голема криза. Во пресрет на мечот, тренерот на „зелено-белите“, Ларс Валтер вели дека овој меч треба да биде нов почеток за битолскиот состав.

„Натпреварот против Војводина е нов почеток за нас. Веројатно ќе играат со комбиниран и млад состав и немаме информации и време да се подготвиме. Но, се надевам дека моите играчи ќе имаат добра реакција по европските елиминации и ќе го добијат нашиот прв натпревар во оваа сезона на СЕХА – Газпром лигата“, вели Валтер.

Гостинскиот тренер, Борис Ројевиќ, вели дека имаат проблем со згуснатиот календар и на овој меч ќе играат со подмладен тим.

„Со оглед на преполниот распоред со кој се справуваме, во Битола ќе патуваме со подмладен ростер. Чувствувам дека Е. Пелистер има фаворитска улога и покрај тоа што успеавме да ги изненадиме дома. Сега е тешко да се предвиди нешто, но ви гарантирам дека моите играчи ќе го дадат својот максимум“.

ПретходноНе му доаѓа памет: Мурињо навредувал момче кое игра за Лацио и ги терал кадетите на Рома да симулираат
Следно„Ел Класико“ во кралскиот куп: Реал (М) „намириса крв“