ИН МЕМОРИАМ: Почина Филип Христов!

841

Уште една тажна вест доаѓа од македонскиот ракометар, почина Филип Христов – Фичо (1956 – 2023).

Тој најголемиот дел од својата ракометна кариера ја мина во тимот на Металург. Беше задолжен за менџирање и логистика на тимот, повисоки функции и во машката и во женската екипа.

Христов беше дел од натпреварувачката Комисија на РФМ, неговиот последен ангажман.

Во светот на ракометот ќе биде запаметен како вреден работник, секогаш подготвен да им помогне на сите, да ги изведе помладите на вистинскиот пат. Неговата насмевка и добрина беа заштитен знак.

Патувај мирно Фичо, сочувство до семејството.

ПретходноКога се има се се може: Меси го почести репрезентативните колеги со златен Ајфон
СледноСудии за ПМФЛ: Качевски ќе им суди на Брегалница и Шкендија, Иванов во Кичево