Селекторот на македонска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави скратениот список за квалификацискиот двомеч со Португалија за пласман на ЕП 2024 година.
На истиот се најдоа 22 имиња, меѓу нив е Марио Танкоски, како и Мартин Велковски, кој поради повреда беше надвор од терените. Собирот е закажан за во недела во хотелот „Александар Палас“.
Од претходно е познато дека Лазаров нема да смета на искусните Манасков и Георгиевски.
Првиот меч Македонија го игра на домашен терен на 9 март, додека реваншот е за три дена во Порто. И двете репрезентации стартуваа со две победи, нашата репрезентација ја дели само една победа до посакуваниот нов пласман на континенталните натпреварувања.