Нашата женска ракометна А-репрезентација, попладнево беше минимално поразена од домашната селекција на Турција со 25:24 (13:11). Ова беше само првиот пријателски натпревар одигран во Анкара во рамките на ЕХФ неделата со селекцијата на Турција.
Инаку вториот меч се игра во сабота, а треба да се напомене дека селекторот Љубомир Савевски за овие два меча има комбиниран состав на располагање.