Милвоки не го дава врвот, КД дебитираше со победа и 23 поени (ВИДЕО)

94

Кошаркарите на Милвоки славеа над Орландо со 139:117 и ја постигнаа 16-та последователна победа во НБА лигата со која остануваат на врвот на Истокот. Адетокумпо постигна 31 поен, додека Џру Холидеј постигна 23 поени со девет асистенции, а Брук Лопез постигна 18 поени во новата победа на Бакс. Во тимот на Орландо најефикасен беше Кол Ентони со 28 поени.

Милвоки е најдобар тим во лигата со 45 победи и 17 порази, додека Орландо е 13-ти на Истокот со 26/37. Милвоки е во серија од 16 победи и се приближува кон рекордната серија од 20 победи на франшизата од шампионската сезона 1970/71.

Феникс го победи Шарлот со 105:91 и ја прекинаа серијата од пет победи на Хорнетс. Санс беа предводени од Девин Букер со 37 поени, седум асистенции и шест скока, додека Кевин Дурент постигна 23 поени и имаше шест скока и две блокади во своето деби за момците од Аризона. Во седмата победа на Феникс во последните 10 натпревари, се истакна Деандре Ајтон со 16 поени и 16 скока.

Бостон во чекор го следи Милвоки, откако синоќа славеше над Кливленд со 117:113. Кај Бостон Џејсон Тејтум со 41 поен, од кои 18 постигна во третата четвртина, беше лидер во победата. Хорфорд постигна 23 поени и 11 скока, а Џејлен Браун додаде 16.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Феникс 91-105

Детроит – Чикаго 115-117

Бостон – Кливленд 117-113

Мајами – Филаделфија 96-119

Њујорк – Бруклин 142-118

Хјустон – Мемфис 99-113

Милвоки – Орландо 139-117

Оклахома – ЛА Лејкерс 117-123

Портланд – Њу Орлеанс 110-121

ПретходноБарселона пред договор со ново бразилско засилување
СледноФА Куп: Чурлинов и Компани одат на „Етихад“, Манчестер Ј. против Фулам