Порто го заврши настапот во групата А од ЛШ на последното место со само пет освоени бода (2 победи и 1 реми). Вечерва португалската екипа доживеа пораз од Висла на домашен терен со 27:28. Иако во финишот се влезе со нерешено, сепак, гостинските играчи беа поснаодливи и ја однесоа победата.
Македонскиот голман Никола Митревски во дресот на Порто имаше 5 одбрани од 17 обиди.
На другиот меч од оваа група Магдебург го совлада Динамо Букурешт со 34:33.
Магдебург и ПСЖ патуваат во четвртфиналето, додека Висла, Динамо, ГОГ и Веспрем ќе одат во 1/8 финалето.
Од другата група во четвртфиналето одат Барселона и Киелце, додека Нант, Кил, Алборг и Пик Сегет ќе разигруваат во осминафиналето.