Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, немаше речиси поголеми проблеми на денешниот четвртфинален меч против Хуберт Хуркач од Полска на АТП турнирот во Дубаи. Триумф од 2:0 во сетови, а во гемови беше 6:3 и 7:5.
Србинот уште еднаш потврди дека е во добра форма и дека има намера да дојде до пехарот и на овој турнир.
Новак во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од мечот меѓу Чориќ и Медведев.