Со Лихтенштајн не победи ниту еднаш, а сега ќе биде тренер на Вадуц

243

Мартин Штокласа повеќе не е селектор на Лихтенштајн. Тој денеска и официјално соопшти дека ќе ја заврши селекторската работа и ќе се пресели на клупата на најуспешниот тим од земјата, Вадуц.

Една од причините за заминувањето на Штокласа е секако и неуспех како национален селектор, затоа што не успеа да победи на ниту еден од 21 натпревар на кој беше на селекторската клупа. Тој како селектор имаше 20 порази и само едно реми (1-1) против Ерменија.

Под негово водство Лихтенштајн постигна само 4 гола, а прими 66.

ПретходноФА Куп: Чурлинов и Компани одат на „Етихад“, Манчестер Ј. против Фулам
СледноЅвездата на Мемфис под обвинение дека се заканувал со пиштол и тепал малолетник