Ѓорческа обезбеди четвртфинале на ИТФ Фјучерсот во Астана

70

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа успешно ја мина и втората пречка на ИТФ Фјучерсот во Астана, Казахстан. Утрово во рамките на осминафиналето, Ѓорческа во три сета успеа да ја совлада белоруската тенисерка Ирина Шиманович со 7:5, 1:6 и 6:2 и да се пласира во следната рунда.

Утре во четвртфиналето нашата тенисерка ќе има пресметка со Русинката Тихонова, која моментно е рангирана на 179. место на ВТА листата. ИТФ турнирот во Астана се игра за награден фонд вреден 40.000 долари.

ПретходноЅвездата на Мемфис под обвинение дека се заканувал со пиштол и тепал малолетник
СледноНе му доаѓа памет: Мурињо навредувал момче кое игра за Лацио и ги терал кадетите на Рома да симулираат