Кога се има се се може: Меси го почести репрезентативните колеги со златен Ајфон

269

Лионел Меси, по повод освојувањето на Светската Мундијалска титула во Катар, со репрезентацијата на Аргентина реши во знак на благодарност на целиот играчки кадар, но и стручен стожер да им подари по еден златен Ајфон телефон.

Ова секако во јавноста одекна како бомба со оглед на фактот што сето ова Меси ќе го чини над 200.000 евра но очигледно за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња тоа не е никаков проблем.

„Лионел не контактираше неколку месеци по финалето на Светското првенство. Тој рече дека би сакал да им подари посебен подарок на сите играчи и стручниот штаб за да ја прослават нивната убава победа, но не сакаше да подари нешто обично како часовник. Предложив златни Iphone со бројки, а идејата му се допадна на Лео, изјави Бенџамин Лион, шеф на компанијата за уредување на телефони за „Сан“.

ПретходноФИА даде одобрение: Строл ќе вози за Астон Мартин на трката во Бахреин
СледноИН МЕМОРИАМ: Почина Филип Христов!