Николоски и официјално промовиран како нов директор во Шкупи

519

Откако Спортмедиа претпладнево објави дека Јане Николоски, некогашниот репрезентативен голман на Македонија пристигнува на Чаир како нов директор на Шкупи, од клубот предмалку пристигна и официјализација на ова инфо.

Николоски е претставен како нов член од раководните структури на клубот, поточно нов оперативен директор, а тој по речиси две децении се враќа на Чаир. Николоски беше дел од онаа златна генерација на Слога Југмагнат своевремено која имаше огромен успех на домашна но и на интернационална сцена.

За Николоски ова е прво вакво директорско искуство, затоа што се досега беше ангажиран како тренер. Беше дел од Хоризонт Турново, Победа, Борец, Слога Виница…

Омер Буњаку и понатаму останува прв оперативец на клубот во функцијата на спортски директор.

 

ПретходноАлександар Исаевски нов член на тимот на Милсами Орхеи
СледноКамада од лето во Борусија Дортмунд