ФИА даде одобрение: Строл ќе вози за Астон Мартин на трката во Бахреин

90

Ленс Строл ќе стартува со болидот на Астон Мартин на првата трка од Ф1 сезоната во Бахреин. Ова утрово го потврдија од ФИА. Строл ќе му биде тимски колега на Фернандо Алонсо, откако доби одобрение од ФИА да ја започне трката за ГН на Бахреин.

„Тимот на Астон Мартин со задоволство потврдува дека Ленс Строл ќе се натпреварува на трката за Големата награда на Бахреин овој викенд“, се вели во официјалното соопштение на неговиот тим.

Возачот вели дека било многу фрустрирачки што не беше дел од претсезонските тестови во Бахреин.

„Со оглед на мојата повреда на зглобот, тимот и јас сметавме дека е најдобро да се фокусираме на опоравувањето. Работев напорно со мојот тим за да се осигурам дека сум во топ форма за да се натпреварувам овој викенд“, изјавил Строл, задоволен од одобрението кое го доби од ФИА.

ПретходноЈане Николоски е нов директор во Шкупи
СледноКога се има се се може: Меси го почести репрезентативните колеги со златен Ајфон