Шкендија го продаде Рамадани за 250.000 евра во Динамо Киев, и плус 15% од следниот негов трансфер! (ВИДЕО)

1826

Како гром од ведро небо вчера одекна веста дека Решат Рамадани, младинските репрезентативец на Шкендија потпиша петгодишен договор со гигантот од источна Европа, со Динамо Киев.

Станува збор за младо момче, кое има само 19 години и е член на нашите младински репрезентации.

Секако јавноста ја интересира за колку пари Шкендија го пушти својот голем талент во Украина, секако дека јасна беше и желбата на самиот играч на да потпише за еден така голем клуб.

Интересно е тоа што ни Динамо Киев, ниту Шкендијам не излегоа со информации за тоа колку “тежи“ овој трансфер, а според „Трансфермаркт“ сумата била 250.000 евра плус 15% од следниот трансфер на Рамадани.

Најчесто овие суми кои ги пренесува “Трансфермаркт“ се точни, а и нашите неофицијални информации велат дека висината на трасферот е тука некаде.

ПретходноПоранешен македонски репрезентативец е нов тренер на Телеоптик!
СледноКапитенот на Русија: Јас сум за Путин, историјата ќе покаже кој е во право, а кој не!