Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден извонреден натпревар за колеџот Вашингтон Стетј обезбедувајќи важна победа над ривалот Вашингтон со 93:84 во рамкиите на продолжението од сезоната во НЦАА лигата во САД.
Јакимовски за околу 32 минути поминати на паркетот оствари дабл-дабл учинок од 12 поени и дури 17 реализирани скокови и беше трет најдобар поентер во својот тим, кој врза шест последователни победи и ја има една од најдолгите низи без пораз во рамките на дивизијата.
За Вашинтгтон Стејт ова беше 16-та победа со која се искачија на 7. место во пацифик-12 конкуренцијата.










