Бритално издание на двете ѕвезди на Далас донесоа победа за Мавс на синоќешното дерби со Филаделфија, со што тексашаните ја прекинаа серијата од два порази. Кошаркарите на Далас славеа со 133:126 во меч во кој Лука Дончиќ заврши со 42 поени, 12 асистенции и четири скока, додека Кајри Ирвинг постигна 40 поени, со шест асистенции, четири скока и три украдени топки.
Кошаркарите на Голден Стејт славеа над Лос Анџелес Клиперс со 115:91 и ја постигнаа четвртата последователна победа. Актуелниот шампион го предводеше Џордан Пул со 34 поени, а Клеј Томпсон постигна 19 поени со 11 скока.
Во тимот од Клиперс најефикасен беше Кави Ленард со 21 поен.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Вашингтон – Торонто 119-108
Далас – Филаделфија 133-126
Сан Антонио – Индијана 110-99
Голден Стејт – ЛА Клиперс 115-91










