Најтрофејниот македонски фудбалски колектив, ФК Вардар, пролетва има задача да обезбеди директен пласман во ПМФЛ шампионатот. Второлигашкиот статус во моментов не е ни оддалеку она што се очекува но тоа е што е во моментов, реалноста е таа. Исто како што е реалност вчерашниот мини штрајк на играчите кои не тренираа барајќи од управата исплата на заостанатите долгови.
Во договор со истата, денеска тренингот е одржан, и Вардар повторно е во погон. Се очекува победа на саботниот дуел против Детонит на домашен терен на Стадионот Борис Трајковски со почеток од 14:00 часот.
Како најава за истиот, а и како потврда дека во моментов екипата е подготвена за настап, доаѓа и повикот од страна на Дарио Десниќ кој преку социјалните мрежи испрати порака до навивачите да пристигнат во што е можно поголем број за да им биде олеснет триумфот над незгодниот противник.