За Лејкерс плеј-офот се понедостижен: Леброн мора на пауза од најмалку три недели

125

Шансите за пласман на ЛА Лејкерс во плеј-офот од НБА лигата не изгледаат премногу добри. НБА тимот синоќа објави дека големата ѕвезда Леброн Џејмс ќе биде надвор од терените поради повреда на десната нога, најмалку три недели.

Тоа е голем период во кој Лејкерс нема да сметаат на својата главна ѕвезда и тоа во пресрет на одлучувачките дуели за пласман меѓу тимовите кои ќе разигруваат за титулата.

Лејкерс оваа сезона победија на само 30 од 63 натпревари и се наоѓаат дури на 11. место во Западната конференција.

Леброн Џејмс се повреди во неделната победа над Далас Маверикс со 111:108 и сега треба да пропушти околу десет натпревари.

ПретходноИслами заврши како 25. во квалификациите на 400 метри на ЕП во Истанбул
СледноПлеј-оф: Охрид го пречекува Алкалоид, Тиквеш по нови бодови во Скопје!