МЗТ Скопје успеа да направи уште еден чекор напред кон опстанокот. Актуелниот македонски првак доби дуел против еден од фаворитите во АБА-лига, на домашен терен го совлада ФМП со 87-82 за четврта победа оваа сезона.
„Јас сум некој што ужива во мечевите на ФМП, денеска се изнамачив. Кога тие играат нивните мечеви се богати. Одигравме многу добро, можевме да победуваме многу порано, но да не се навраќам пак на таа тема. Оствариме голема победа, против голем тим.
Сега се е отворено, не чека интересно продолжение, за сите места на табелата во АБА-лига. Можеме да продолжиме да уживаме во ваква кошарка, и ваква атмсфера. Некој кој е последен на табелата е многу ретко да има ваква поддршка и ваква енергија во салата. Но, тука во салата „Јане Сандански“ чувствувам позитивна атмосфера, затоа со играчите сме обврзани да дадеме се од себе“, изјави Драган Николиќ.










