Пелистер максимално ја оправда улогата на фаворит против Куманово. Во првиот меч од 16 коло во Првата лига на домашен терен славеше со 104-70 за 13 триумф оваа сезона, значаен во трката за лидерското место.
Избраниците на Марјан Илиевски по изедначената игра во првата четвртина 24-24 ги добија следните два период, по кои направија разлика од 82-56, доволна за еден мирен финиш.
Карпентер запиша 19 поени, два помалку имаше Хаџифејзовиќ, кај гостите Џеферсон имаше 18 поени.