ВМФЛ: Пелистер по нов триумф, Вардар ќе се мачи со Детонит, Гостивар ја пречекува Беса

505

 

Попладнево од 14 часот се играат седум натпревари од 18.коло во ВМФЛ, само оној во Виница меѓу Слога и Пехчево е закажан за утре.

Пелистер, тимот кој оваа пролет ја стартуваше перфектно, со двете победи во исто толку мечеви и гол разлика 7:1, посакува да ја продолжи низата. Во Битола гостува Арсими, тим кој може да се победи и со новите три бода да се задржи чекорот со водечката тројка на табелата, тоа се посакувањата на битолчани.

Вардар на Маџари го пречекува Детонит. Секако дека нема да му биде лесно, ако се знае дека оваа недела вардарци имаа и штрајк, но треба да се знае дека Детонит и тоа како е силен тим кој може да направи големи проблеми.

Гостивар откако ја дозна казната за случајот “Христовски“, одземени му се три бода, сега по секоја цена ќе оди на победа против Беса, тим кој треба да биде респектиран.

Охрид гостува кај Кожуф со надеж дека ќе дојде до првите пролетни бодови, а во Тетово се среќаваат најслабите тимови во оваа конкуренција, Тетекс и Борец.

Беласица го дочекува Караорман и на крај Воска дома очекува нова победа, и тоа со составот на Саса.

ДВОЈКИ ЗА 18.КОЛО –ДЕНЕСКА (14 Ч)

Пелистер – Арсими

Кожуф – Охрид

Вардар – Детонит

Тетекс – Борец

Беласица –Караорман

Воска – Саса

Гостивар – Беса

НЕДЕЛА, 14 Ч

Слога (В) – Пехчево

ТАБЕЛА: Воска 40, Гостивар 40 (-3), Вардар 40, Пелистер 36, Детонит 32, Беласица 26, Охрид 26, Арсими 24, Беса 24, Караорман 23, Кожуф 17, Пехчево 14, Саса 13, Слога (В) 13, Тетекс 10, Борец 0 бодови

ПретходноМагдевски одличен, но Донар поразен!
СледноВардар 1961 во Битола ќе ги лечи СЕХА раните!