Кошаркарите на Еуро Никел со подобра игра во финалните десет минути, успеаја да ја анулираат негативата, направија пресврт, и дојдоа до победа од 77:75 на гостувањето кај Кожув во Гевгелија.
Потполно израмнето се играше во првото полувреме од средбата во Гевгелија. Или 20 минути во кои ниту еден од двата ривали не успеа да направи некоја сериозна резултатска предност.
Така беше и на истекот на втората четвртина, минимални (34:32), имаше Кожув.
Слично се одвиваа работите и во продолжението на играта. Исклучок направи „вишокот“ на екипата од Кавадарци, која по тројката на Гавриловиќ, во 26 минута поведоа со (45:39).
Но само за кратко го имаа тоа водство кавадарчани, стигна серијата од (6-0) за егал резултат (45:45). Но не застанаа тука домашните кошаркари, ја продолжија, за нивно водство од (51:48).
Беше и повисоко на истекот на третиот период (55:51).
Но на почетокот на последниот, следуваше серија од (11-2) за Еуро Никел 2005 и промена на водството, отиде на гостинската страна, (62:57).
По тројката која дојде од новакот Балмазовиќ, екипата од Кавадарци имаше уште повисоки (69:61), во средина на последната четвртина. Две минути подоцна и (71:63), кога погоди Младеновиќ.
Со слична позитива (77:71) влегоа и во последните 60 секунди. Сепак, гевгеличани одговорија со четири поени по ред. Намалија на (75:77), со „два плус еден“ играта на нивниот најдобар стрелец, Гордон.
По неуспешниот обид на Караколев, Кожув доби шанса да победи, или да обезбеди продолжение. Но во последните десет секунди, Ризвиќ беше неуспешен, па победата отиде за кошаркарите на Еуро Никел 2005.
Екипа која имаше четири „двоцифрени“ кошаркари. Со 19. поени ги предводеше Балмазовиќ, Планиниќ реализираше 16, Соколов 15, а Гавриловиќ уште 11. Кај Кожув, Гордон застана на 22 поени, додека по десет додадоа само уште Главчев и Штерјов.